Икра од тиквички - намаз
Состојки
- 3 средни по големина тиквички
- 1 поголем морков
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици доматно пире
- на вкус сол и бибер
Подготовка
Припрема
- Исецкајте го кромидот, морковот изрендајте го. На малку зејтин изпржете ги заедно.
- Тиквичката излупете ја и исецкајте ја на коцки, на малку зејтин посебно испржете ги.
- Кај тиквичките додадете ги испржените кромид и морков. Измешајте, додајте на вкус сол и бибер. Подлијте со малку вода и нека вари колку да омекнат. При крај додадете го доматното пире и пресованиот лук (може и да го сецкате). Нека продолжи да се вари заедно се додека не испари течноста. Тргнете настрана и нека олади. Оладено изблендирајте.
Нека ви е слатко.