Испечати

Хокаидо - јапонски млечен леб

Хокаидо - јапонски млечен леб

Состојки

  • за пред тесто
  • 6 лажици вода
  • 2 лажици брашно
  • за тесто
  • 1/4 шоља млеко
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1/4 шоља шеќер
  • 1/4 шоља слатка павлака
  • 1 лажица кондезирано млеко (или млеко во прав)
  • 2 лажици путер (на собна температура)
  • 1 јајце
  • 350гр брашно
  • малку сол

Подготовка

Најмеко, млечно лепче што сум го пробала. Нешто како козињак, но уште уште помеко. Се топи во уста.
Прво се подготвува предтестото. На оган се ставаат водата и брашното на тивок оган се меша додека не се згусне. Оваа смеса ќе го направи тестото помеко и да биде свежо повеќе време.
Го загреваме млекото со квасецот (да биде млако кон топло) додаваме малку шеќер и го оставаме да се запени. Брашното, солта и шеќерот ги мешаме во пластичен сад. Слатката павлака, јајцето, кондезираното млеко ги матиме со маталка и го додаваме пред тестото. На крај и млекото со квасецот. Оваа смеса ја додаваме во брашното. Месиме мазно тесто, додаваме брашно во месењето(потребно ќе е уште 1-2 лажици) на крај го додаваме путерот. Убаво го размесуваме во тестото и месиме уште 4-5 минути. Го оставаме тестото да кисни 1-2 часа на топло(најубаво е да преноќи)

Тестото го делиме на 4 дела. Од секој дел развлекуваме правоаголна кора, ја виткаме на страните и виткаме ролат(види слика). На истиот начин ги виткаме и останатите 3 делови. Се редат во калап за векни. Се остава да кисни уште 1 час на топло. Пред печење се премачкува со 1 јајце изматено со 4 лажици млеко.
Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 30тина минути. Последните 10тина минути убаво е да се покрие со алуминиумска фолија. Откако ќе се испечи се премачкува со путер. Се покрива со кујнска крпа.
Совет: Направете го тестото од вечер, да кисни цела ноќ. Ќе се воодушевите од изгледот, мекоста и вкусот на лепчето.
На здравје!