Испечати

Намаз со суви пиперки

Намаз со суви пиперки

Состојки

  • 1/2 страк праз
  • 3 суви пиперки
  • 2 тврдо варени јајца
  • 100 гр бело сирење
  • 1 голема лажица мајонез ( или кисела павлака)
  • по вкус сол, бибер....

Подготовка

1. Најпрво сувите пиперки ставете ги во сад со вода да се варат.
2. Празот исечкан на помали парченцка ставете го во блендер или сецко ( ако немате може и со обичен миксер). Додадете ги сувите пиперки на кои претходно сте им ја отстраниле лушпата, тврдо варените јајца и сирењето. Додајте и 1 голема лажица мајонез (ако не сте љубител на мајонезот може како замена и павлака) и зачини по вкус- зависно од тоа колку е солено избраното сирење.
3. Смесата убаво изблендирајте ја или измиксирајте и готово, ќе си добиете еден убаво пикантен намаз за со кифлички, пржени тиквички или како мезе за со некој жесток пијалок.

На здравје