Солени корпички со намаз од млад лук
Состојки
- тесто за корпичките
- 250гр. брашно
- 50мл. маслиново масло
- 20гр. свеж квасец
- 1/2 лажичка мед
- 100мл. топла вода
- прстофат сол
- за намазот од млад лук
- 125гр. мајонез
- 2 млади лукчиња
- 1 свежа краставица
- 1 морков
- 2 лажици к.павлака
- 1/2 лажичка шеќер
- 1 лажичка јаболков оцет
- потпечен сусам и малку лен
Подготовка
Одлична комбинација на вкусови за мезе и прослави идеално.
Подготовка.
1.Во посебен сад го ставаме квасецот,медот малку брашно и мал дел од топлата вода промешуваме и оставаме да се дуплира волуменот.Во истиот сад го додаваме маслиновото масло прстофат сол,брашното и со остатокот од топлата вода замесуваме средно меко тесто кое ќе ни се одлепува од пластичниот сад.Тестото го остававаме да стаса околу еден час,од него формираме топчиња кои ги расукуваме со големина на тацна од филџан и ги ставаме врз превртен калап за мафини.Вака формирани ги печеме на 200степени дваесет минути.
2.Изладени ги полниме со намазот од млад лук.
Може доколку саката, но и не мора морковот да го сварите кратко,краставицата и ситно сецканиот лук ги ставаме во сецко додека смесата не ни се изеначи.Во оваа смеса го додаваме мајонезот,оцетот,шеќерот и двете лажички к. павлака.Во смесата додаваме и малку потпечен сусам.Со овој намаз ги полниме корпите и декорираме со младо лукче,сусам и лен.
Добар апетит!!!