Испечати

Слатка паштета или намаз

Слатка паштета или намаз

Состојки

  • 75 гр. брашно од рогач
  • 50 гр. мелен сусам (суров)
  • 3 лажици мед
  • 16 лажици млеко (за мрсна варијанта)
  • за посна варијанта
  • соино или друго растително млеко

Подготовка

Ова е еден рецепт на моја драга пријателка Сузана од Велес, со една за мене неочекувано превкусна комбинација на состојки, а да не зборувам за корисниот состав на истите. Едноставна и брза слатка паштета или намаз, кога ви се тука неколкуте вистински состојки.

Брашното од рогач (кое го има во продавниците за здрава храна), мелениот сусам, медот и пола од избраното млеко се ставаат во блендер, се блендираат и по потреба се дотура остатокот од млекото. По проценка може да се стави млеко и некоја лажица повеќе или помалку.
Се добива здрав појадок или десерт. Дозата секако може да се дуплира.
Фала ти Сузи!