Плескавици од соја

Состојки
- 1 шоља соја трошки
 - 3 парчиња млад кромид
 - 1 рендан морков
 - 1 лажица презла
 - 1 лажица брашно
 - 1 лажичка сенф(по желба)
 - 1 млад лук
 
Подготовка
Се ставаат соја трошките во топла вода да отстојат 15 тина минути. Се цедат, се додава реднаниот морков, сецканиот лук и кромид, 2 јајца, брашното, презлата и зачините.Се меша да се изедначи смесата. Со намрсени раце се формираат плескавици од смесата се редат во намрсен плех и се печат на 200 степени околу 20 тина минути.