Видео рецепт: Кинеска пилешка салата
Состојки
- За САЛАТАТА ќе ви треба (1 шолја=240 мл):
- 500 гр. пилешки стек
- Ајсберг или кинеска марула
- малку црвена зелка
- 2 мали лукчиња
- 1 краставица
- 1/3 шолја бадеми
- За ПРЕЛИВОТ ќе ви треба:
- 3 лажици темно сусамово масло
- 1/4 шолја вински или оризов оцет
- 1/4 шолја растително масло
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- прстофат мелен бибер
Фичо ќе подготви пилешка салата на кинески начин, со слатко-кисел прелив од масло од сусам.
Подготовка
Чекор 1: Пилешкото месо ставете го да се вари во солена вода.
Чекор 2: Исецкајте го Ајбергот, изрендајте ја зелката, додадете го исецканото лукче и краставицата и измешајте ги. Додадете ги и сецканите бадеми.
Чекор 3: Во сад ставете ги сите состојки за преливот и убаво измешајте ги.
Чекор 4: Пилешкото искинете го на парчиња, или исечкајте го и соединете го со салатата и преливот.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Внимавајте, за да го добиете автентичниот вкус, треба да користите темно сусамово масло.