Пилешка домашна паштета
Состојки
- 400гр. пилешки стек
- 180гр. путер
- 1 лажица мешан зачин
- 2-3 чешниња лук
- 1/2 врзла магдонос
- 5 лажици лимонов сок
- 1 лажичка куркума
- 1/2 лажичка ѓумбир во прав
- 100гр. златна мешавина(пченка,грашок,морков,компир)
Подготовка
Доколку сакате да подготвите убава домашна паштете еве еден едноставен, брз и пред се вкусен рецепт.
Подготовка.
1. Започнуваме со пропржување на ситно сецканото пилешко месо во 30гр.путер.
Пржењето нека трае околу пет минути со константно мешање.
2. Во тавата во која ги пржевме месото ја додаваме златната мешавина налеваме вода и вариме додека местото не омекне.
3. Изладеното месо го ставаме во блендер или сецко заедно со сите горе наведени состојки блендираме додека не ја добиеме посакуваната густина и додека смесата не се изедначи.
Вкусната паштета послужете ја со тостиран леб или домашни пецива но пробајте и во комбинација за подготвување домашни сендвичи.
Добар апетит!!!