Паштета од печурки и ореви
Состојки
- 250 гр свежи шампињони
- 30 гр ореви
- 1 варено јајце
- 1/2 мала главица кромид
- 2 чешнина лук
- по прстофат мајоран и мајчина душичка
- 70 гр путер
- 2-3 лажици масло
- 1 лажица крем сирење
- по вкус сол и бибер
- За послужување
- по потреба леб
- по потреба младо зелено кромидче
Подготовка
Печурките исчистете ги, измијте ги и исечете ги на ливчиња.
Во тава со маслото пропржете го кромидот и лукот ситно исецкани, малку колку да пуштат мирис. Потоа додајте ги печурките, мајоранот, мајчината душичка, солта и биберот. Оставете ги да се пржат 10-на минути на среден оган додека водата испари што е пуштаат печурките. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.
Откако ќе оладат ставете ги во блендер и додајте ги останатите состојки, оревите,путерот, јајцето, крем сирењето и блендирајте додека се добие изедначена мазна смеса. Пробајте и ако е потребно додајте сол по вкус.
Добиената паштета ставете ја во соодветен сад и покриена оставете ја во фрижидер најмалку 1 саат да се олади. Потоа послужете ја намачкана на леб и посипана со сецкано младо кромидче.