Намаз од млади тиквички
Состојки
- 1 голема или 2 мали тиквички
- 2 варени јајца
- 1 лажица мешан сув зачин
- неколку гранчиња свеж магдонос или
- 1 лажичка сув магдонос
- прстофат копар
- 2-3 лажици пармезан
- 2 лажици рендано сирење
- 2-3 лукчиња
- 2-3 лажици лебни трошки
- бибер по вкус
Подготовка
Ова е еден интересен сезонски намаз од млади тиквички, едноставен и брз за подготовка. Одлично оди на кришка леб, со крекери, а може и како прилог кон главно јадење.
Тиквичките ги лупиме, ги сечкаме на коцки. Ги ставаме заедно со мешан сув зачин прелиени со вода да се варат околу 5 мин.
Лесно се сварливи бидејќи се млади така да не им треба повеќе време.
Ги оставаме убаво да се исцедат. Во сечко или блендер ги ставаме тиквичките, варените јајца, сирењата, лебните трошки и зачините. Блендираме додека да се изедначи смесата.
Лукчето ако не ви се допаѓа изоставете го, ама навистина му дава еден посебен шмек на намазот, а е потребно само ситно да го исечкате.