Испечати

Чоколадна торта со јагоди

Чоколадна торта со јагоди

Состојки

  • За панденспан
  • 55 г какао
  • 210 г брашно
  • 250 г шеќер
  • 8 г сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • 1 ,5 дл масло
  • 2,5 дл млеко
  • Фил
  • 200 г свежи јаготки
  • 75 г шеќер
  • 4 листови желатин
  • 2,5 дл неутрална павлака

Подготовка

Пандишпан
1. Рерната вклучете ја на 175 степени. Се намрсува калап од 20 цм на кој што му се вади обрачот.
2. Во сад се ставаат сите суви производи.
3. Се додава маслото и млеко и се мати со миксер убава смеса.
4. Се истура смесата во калапот и се пече 40 до 50 мин.

Фил
1. Се стават јаготките во тендџере со малце вода и шеќерот. Се варат на тивко дур да се омекнат јаготките. Се блендира за дојде како убав крем. Желатинот се става во ладна вода 5 мин. После се додава во топлиот фил и се меша убаво. Се става филот во фрижидер да олади неколку саати или преку ноќ.
2. Се матинеутралната павлака
3. Во матената павлака се става 1 лажица од филот со јаготки и се меша со лажица, потоа се додава и другата матена павлака. Се меша убаво со лажица да дојде како розев шлаг.

Се сече пандишпанот на 2 дела. Се става пандишпан, се мачка со половина од филот, се става вториот пандишпан и пак се филова. Ако остани уште од филот може да се мачка цела торта на околу. Ако нема мозе исто и со слатка павлака. Се декорира по вкус. Јас ставив чоколадни бисквити на окулу и свежи јаготки макани во чоколадо најгоре.