Испечати

Намаз од сирење и тиквичка

Намаз од сирење и тиквичка

Состојки

  • 250гр меко кравјо сирење
  • 4 лажици кисела павлака
  • 1 лажица сенф
  • малку сув босилек
  • малку сув магдонос
  • 2 главици млад лук
  • половина тиквичка
  • 1 пиперка
  • за домашно миризливо лепче
  • 200мл млака вода
  • половина свеж квасец
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шекер
  • 400гр бело ,интегрално и ржано брашно
  • 1 главица лук
  • 1 лажичка сув босилек

Подготовка

Се става сирењето во блендер заедно со киселата павлака,сенфот, лукот и зачините. Се блендира додека не се добие убава мазна смеса. Тиквичката и пиперката (може да ставите и лута) ги сецкате на ситни коцки и ги додавате во смесата. Мешате со лажица. Го оставате намазот убаво да се излади во фрижидер.
Квасецот се активира со малку вода, шеќер и брашно. Го оставаме да стои 10 тина минути. Откако ќе се запени се додава мешано брашно (бело,интегрално,ржано) сол и масло. Се меси меко тесто и се остава да стои околу 1час. На тестото му се додава босилекот и ситно сецканиот лук. Се формира лепче се става во намрсен калап за векни и се остава да кисни уште 30 тина минути. Се печи во загреана рерна на 200 степени 40 тина минути.Откако ќе се испечи се премачкува со масло и се покрива со кујнска крпа.