Liptauer-намаз со крем сирење
Состојки
- 250 гр свежо крем сирење
- 4 лажици кисела павлака
- 3 парчиња лук
- 1 лажица путер
- 1 и 1/2 лажица мелен црвен пипер
- 1 лажица ким
- 1 лажица сенф
Подготовка
Северна Словачка е домот на овој пикантен намаз.
Прочитав дека за прв пат е произведен кај нив а служел за освојување на светските кујни.
За почеток на рецептот, го чистиме лукот.
Во сецкото или блендер, зависи кој што поседува, ставете ја киселата павлака и путерот, сенфот, мелениот црвен пипер и солта.
Лукот истотака додајте го и мешајте додека не добиете еднолична смеса.
Добиенава смеса ја помешуваме со свежото крем сирење и откако ќе добиеме убава смеса префрламе во ладилник.
Пред да го служиме го попрскуваме со мелен ким или ситно сецкано лукче .
Служиме со разни видови на лепче, а јас овој пат го послужив со бејк ролс.
На здравје