Испечати

Пралини со путер од кикирики

Пралини со путер од кикирики

Состојки

  • 200гр путер од кикирики
  • 50гр несолен путер
  • 200гр шеќер во прав
  • 300гр млечна милка чоколада
  • 50гр темен шеќер

Подготовка

Во калап за мафини се ставаат корпиците, потоа се топи чоколадото, се мачкаат корпиците со чоколадо и се става во фрижидер да се стврднат. Во лонец се ставаат путерот од кикирики, путерот и темниот шеќер на умерена температура и непрестано се меша, додека смесата не се стопи и изедначи.  Потоа го тргаме од шпорет и постепено го додаваме шеќерот во прав и мешаме додека смесата не се соедини. Во претходните стврдани калапи ставаме од смесата со лажичка и со преостанатата чоколада ги полеваме одозгора. Пак ги ставаме во фрижидер да се замрзнат