Намаз од туна и компир
Состојки
- Намаз
- 350 гр компири
- 150 гр туна
- 5 инчуни
- 1 лажица капари
- 1 лажица магдонос
- по потреба сол
- За декорација
- варено јајце домати, краставица, маслинки.....
- по потреба леб
Подготовка
Компирите со лушпа ставете ги да се сварат. Оладете ги, излупете ги и потоа изрендајте ги или изгмечете ги со алатка за пире.
Ставете ги во блендер и додајте ги останатите состојки -туната, инчуните, капарите и магдоносот. Изблендирајте ги за да се добие мазна изедначена смеса. По потреба додајте сол. Јас не додадов, доволно ми беше солено од капарите и инчуните.
Добиениот намаз ставете го во сад, покријте го и оставете го во фрижидер убаво да се разлади и да се спојат вкусовите. Потоа мачкајте лепчиња и декорирајте ги по желба со варено јајце, маслинки, краставички и сл.
Овој рибен намаз навистина е вкусен и најмногу ни одговараше со додаток на вареното јајце.