Испечати

Тарт со шпагети

Тарт со шпагети

Состојки

  • 250 гр. шпагети
  • 2 јајца
  • 1 лажица царевно (пченкарно) брашно
  • 100 гр. изварка (урда)
  • 3 лажици кисела павлака
  • 5 лажици млеко
  • 1 лажица лебни трошки
  • путер, сол, шарена сол

Подготовка

Од шпагетите кои останале и од она што затекнав во фрижидерот, добив идеја да направам брз оброк кој наликува на пита-тарт. Многу едноставно за правење.

~ Подготовка ~
- Шпагетите се варат по упатството, се цедат.
- Се маткаат јајцата со вилушка, се додава царевното брашно, обичната и шарената сол, се меша.
- Потоа во јајцата се додава изварката и павлаката, се изедначува смесата и ако е погусто се додава и млекото.
- Тавата се премачува со путер и се распоредуваат шпагетите. Врз нив се истура рамномерно смесата со јајцата и се посолува со лебни трошки.
- Се пече на 200 степени околу 30 минути.
Вие можете да ставате и други продукти според вкусот. На здравје!