Погача со брусница и млечен намаз
Состојки
- 125 мл млако млеко
- 1 лажица свинска маст
- 2 лажици шеќер
- 1/4лажиче сол
- 30гр свеж кавасец
- 1 јајце
- 1 ванила
- 300-350гр брашно
- за премачкување
- 80гр млечен намаз (било кој крем сир)
- 100гр сува брусница
- 1 јајце
Подготовка
Декоративна, многу мека погача.
Вчера направив прекрасно бело сало, па морав одма да го пробам.
Прво во вангличка се ставаат малку шеќер, квасец, брашно и млекото, да почне да дејствува квасецот.
Потоа постепено се додаваат останатите состојки и се меси средно меко тесто, кое е толку убаво што ќе почне да пука под рацете.
Оставете го нека кисни 30 минути.
Потоа тестото се дели на 2 дела и се сучат 2 правоаголни кори.
На првата кора се нанесува млечниот намаз и се премачкува целата кора.
Врз тоа се стваат зрната сушена брусница.
Се преклопува со 2 исукана кора.
Сега се сечи на ремени, отприлика широки на 2-3 цм, и секој ремен се завиктува спирално ( како кога се цедат алишта).
се почнува од средината на тепсијата, се завиткува како полжав.
така се постапува со останатите ремени.
Се остава погачата да кисни 20 минути, се премачкува со изматено јајце и се печи на 200 степени околу 30 минути.
Оваа количина на тесто е доволна за мала округла тава на Делимано бр 26.
До колку сакаате поголема погача . зголемете ги состојките и печете во тава бр 28.
По желба во тестото може да се додаде и кора од непрскан лимон, јас немав и не ставаив.
Уживајте во погачата која е мека какао памук.