Испечати

Торта од Еми

Торта од Еми

Состојки

  • 3 пудинзи ванила
  • 700 мл млеко
  • 200 мл шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 300 гр сечкано медено срце
  • 200 гр сечкани бисквити
  • 500 гр крем бананчиња
  • шлаг за декорација и шеќер во боја

Подготовка

Ова е омилената торта од мојата керка Емче.
Се вари пудингот со шеќерот и млекото. Се остава да се олади. Потоа се додава изматениот маргарин и се додаваат сечканите медени срца, крем бананчиња и бисквити. Сето ова се меша и се става во округол плех бр.26. Се остава да се олади во фрижидер и одозгора се става шлаг. На здравје!
ПС.Брза ,лесна,вкусна и без печење !