Испечати

Интегрален селски леб со мед

Интегрален селски леб со мед

Состојки

  • 500 гр интегрално брашно
  • 10 гр сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка мед
  • околу 350 мл млака вода

Подготовка

Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, солта, маслиновото масло, лажичка мед и на крај, со млака вода замесете средно тесто. Оставете го тестото да одмори 30 минути.
Откако ќе нарасне се оформува по желба и се става на набрашнет плех и повторно се остава да одмори 30 минути. Пред печење одозгора може да се стави сончоглед, ленено семе, сусам, семки од тиква.
Се печи на 200 степени околу 35-40 минути.