Испечати

Брзи тартуфи

Брзи тартуфи

Состојки

  • 500гр мелени бисквити
  • 100гр сецкани и мелени ореви
  • 250мл слатка павлака
  • 100гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица рум
  • 2-3 лажици шеќер
  • За валкање
  • по потреба чоколадо во прав

Подготовка

Слатката павлака, чоколадото и шеќерот се ставаат на оган дури да зовријат. Се меша убаво додека не се стопи целосно чоколадото. Се додаваат мелените бисквити, оревите и румот. Се остава смесата да излади 10мин и се прават тартуфите. Со рака се валкаат во чоколадо во прав.