Испечати

Стек во сос со суви патлиџани

Стек во сос со суви патлиџани

Состојки

  • 500-600 гр. пилешки стек
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка кари
  • на вкус бибер
  • Сос
  • 100 мл. павлака за готвење или млечна неутрална павлака
  • 200 мл буљон пилешки
  • 150 гр. типено сирење
  • 10-15 броја сув патлиџан мариниран во масло
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1 лажичка нишесте
  • на вкус сол и бибер
  • 2-3 лажици масло

Подготовка

Припрема
- Извадете го сувиот патлиџан од маслото да се исцеди и исецкајте го.
- Во тањир измешајте 2 лажици масло од исцедените суви патлиџани со бибер и кари. Со добиена смеса премачкајте го стекот од двете страни (ако се големи стековите - преполовете ги).
- Испржете ги стековите на 2 лажици зејтин. Извадете ги во топол сад и покријте со капак,
- Во тавката во која се пржеа стековите додадете врел 200 мл, пилешки буљон или ставете врела вода. Додадете го топеното сирење и разбркајте.
- Растворете го нишестото во павлаката и додадете ја во тавката, додадете го сега и сувиот патлиџан, бркајте и кога сосот ќе се згусти (а тоа бргу бива) овкусете по ваш вкус со сув зеленчук и бибер. Во вака приготвениот сос вратете го пржениот стек во сосот и нека заедно провријат окколу 1 мин. Тргнете од огнот и посипете со магдоносот.
Напомена
- Јас најчесто ставам врела вода, на крај овкусувам бидејки топеното сирење знае да изненади. Овкусувам со сув зеленчук.
- Сосот гответе го на тивок оган.
- Кој го обожава босилекот слободно нека го замени магдоностот со него.
Пријатен Апетит!