Испечати

Кетеринг солени корпици

Кетеринг солени корпици

Состојки

  • тесто
  • 1 помало јајце
  • 1/2лажиче сол
  • 1/8 свеж квасец
  • 100гр путер или маргарин
  • 250гр брашно
  • млеко по потреба
  • фил
  • 100гр кајмак
  • 200гр урда
  • 50гр потпечен сусам
  • 100гр сецкана свинска шунка
  • 1 свеж рендан морков
  • 30гр мелени ореви
  • сол, лукче, бибер по вкус
  • маслинки, магдонос за декорација, 50 метални корпици

Подготовка

Еве од мене уште едни симпатични, вкусни корпици, полнети со убав намаз.

Прво се замесуваат сите состојки за тестото.
Млекото не го мерев, ставив одприлика околу 60-70 мл.Треба да се добие нелепливо тесто.
Се дели тестото на 50 мали топчиња, од прилика со големина на мало оревче.
Сега со тесто, кое е многу убаво за работа се облепува секое калапче.
Се редат во плех и се печет 7-8 минути на 190 степени. Нека останат бели.
Малку нека се подизладат, земете во ракаат по едно, наопаку, удретего од масата и сами паѓаат, односно лесно се вадат.
Нека се изладат, а за тоа време спремете го вкусниот намаз.
Се соединуваат кајмакот, урдата, сусамот, морковот, најситно сецканаат шунка, оревите, се зачинува по вкус, убаво сето се промешува.
Сега смесата се стаав во шприц, се монтира соодветен отвор и се полнат кетеринг корпиците.
Се декорираат по желба.
Јас декорирав со зелена маслинка со црвено пиперче и магдонос.