Нежни бели срца
Состојки
- 100-130гр шеќер во прав
- 2 белки
- 200гр мелени бисквити
- 200гр мелени ореви
- неколку капки лимон
- глазура
- 200гр шеќер во прав
- 1 лажиче масло
- 1-2 лажици вода
Подготовка
Нежни, вкусни колачи.
Прво се матат белките со миксер и се додава шеќерот.
Потоа се додава некоја капка лимон, оревите и бисквитите.
Јас никогаш не го ставам целото количество на бисквити, бидејки сите се со различен состав.
Смесата сама ќе ви каже кога е доста.
Некогаш се доволни и 170-180 гр бисквити.
Сега со помош на калапче се вадат форми срциња и се редат на послужавник.
Се спрема белата глазура, односно се става шеќерот во прав, се додава маслото и прво една лажица вода, убаво се промешува , а потоа по потреба и 2 лажица вода. Се декорираат со најмало лажиче внимателно.
Се става по едно бисерче.
Или ако ви позгодно, може цела смеса да се исплеска на даска за колачи, убаво да се израмни, да се прелие со глазура и потоа да се вадат форми срциња.