Испечати

Кајгана од белки и тиквичка

Кајгана од белки и тиквичка

Состојки

  • 4 белки од јајце
  • 1/2 помала тиквичка
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици грана(сирење слично на пармезанот, но со појак вкус)
  • по потреба сол, црн бибер, масло

Подготовка

Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Додајте го сецканото лукче и ренданата тиквичка.
Пржете додека тиквичката омекне.

Белките посолете ги и наросете црн бибер.
Додајте ја граната, изматете и сипете ги во тавата со тиквичка.

Брзо и вкусно, ви препорачувам да ја пробате и оваа комбинација на кајгана со белки, која јас често ја правам со разни додатоци.