Паштета од туна и ајвар (посно)
Состојки
- 1 конзерва туна
- 1/2 тегла ајвар
- 2 млади кромитчиња (со перца)
- 4-5 кисели краставички
- 1 лажица сенф
- неколку гранчиња магдонос
- бибер,сол по вкус
- може и неколку капки лимонов сок
Подготовка
Едноставна и брза подготовка, а добивате особено вкусна домашна паштета, која е воедно и посна.
Сите состојки ставете ги во сечко или блендер. Блендирајте до мазна структура, додека сите состојки да се соединат и изблендираат. Толку!
Со домашно лепче, полн погодок за појадок.
Уживајте во едноставноста на оваа вкусна домашна паштета !