Испечати

Цвет погача

Цвет погача

Состојки

  • 3 дл млеко
  • 1 дл масло
  • 50 г квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажицка сол
  • 800 г брашно
  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 1 лажица брашно

Подготовка

1. Во мал сад се меша млако млеко, квасец, сол и 1 лажица брасно да постои неколку минути

2. Во поголем сад се става јајцето, белката и маслото. Жолчката се чува на страна. Се додава течноста со квасецот и брашното. Се прави тесто и се остава да стаса 45 мин.

3. Од тестото се вади 1/5, се сучи правоаголник 15 / 50 цм и се мачка со стопен путер. Се дели на 2 долги делови и се врти како ролат прво едниот дел, па другиот дел да изгледа како ружа.

4. Се става ружата во средина во еден калап обложен со мрсна хартија.

5. Се сучи останатото тесто 25 / 60 цм одприлика и се мачка исто со путер. Се врти од подолгата страна како долг ролат. Се сечат парциња и се редат во калапот околу ружата.

6. Се остава да стаса уште 20 мин

7. Се мачка со золчката изматена со малце млеко. Се поросува по вкус.

8. Се пеце во загреана рерна на 180 степени од прилика 35 мин.