Паста (Ала Норма)
Состојки
- 300гр. шпагети
- 1/2 главица кромид
- 300мл. доматна салса
- 1 поголем модар патлиџан
- 100гр. солена овча рикота (замена може бело овчо сирење)
- по потреба маслиново масло, сол. црн бибер
Подготовка
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
Модриот патлиџан исечете го на коцки и испржете го.
Извадете ги коцките модар патлиџан на кујнска хартија да го впијат вишокот мрснотија и посолете ги.
Во тава на оган ставете малку маслиново масло и додајте го сецканиот кромид.
Откако кромидот ќе омекне додајте ја доматната салса.
Сосема малку посолете и наросете црн бибер.
Оставете на тивок оган да прокрчка.
Потоа додајте ги сварените и исцедени шпагети и промешајте.
Во чинија за сервирање ставете од шпагетите, одозгора коцки од пржениот модар домат и на крај рендана овча рикота.
Како замена може да употребите само бело овчо сирење(по можност домашно), бидејќи солената рикота има таков сличен вкус.
На здравје.