Испечати

Видео рецепт: Најкрцкави прстени од кромид

Видео рецепт: Најкрцкави прстени од кромид

Состојки

  • 1/2 шолја сенаменско брашно
  • 1/4 шолја густин (нишесте)
  • 2 лажици инстант пире
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 шолја кисела вода
  • 250 гр. презла (по потреба)
  • малку сол
  • 2 главици кромид
  • За СОС ќе ви треба:
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици сенф

Фичо ќе ни покаже најдобар начин да направиме најкрцкави и вкусни прстени похуван кромид.

Подготовка

Чекор 1: Во сад ставете ги сувите состојки (освен презлата и солта), додадете ја киселата вода и изматете ги убаво да се соединат.

Чекор 2: Кромидот исечете го на дебели кругови и одделете ги прстените.

Чекор 3: Секој прстен го валкате во течната смеса, потоа во презлата со сол и го пржите во загреано масло околу 3 минути. Потоа ставете ги на решетка да се исцедат од маслото.

Чекор 4: Сервирате со сос од мед и сенф, или друг сос по желба!

СОВЕТ: За да добиете идеално крцкав похуван кромид, задолжително цедете го на решетка, а не директно на салфета, за да не омекне од впиеното масло .