Испечати

Кростата со крема од бело чоколадо и желе од јагоди

Кростата со крема од бело чоколадо и желе од јагоди

Состојки

  • Бисквит
  • 190гр. брашно
  • 40гр. густин
  • 90гр. шеќер во прав
  • 100гр. омекнат путер(собна температура)
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • прстофат сол
  • Крема
  • 400мл. млеко
  • 3 жолчки
  • 80гр. шеќер
  • 65гр. брашно
  • 1 ванила
  • 100гр. бело млечно чоколадо
  • Желе од јагоди
  • 250гр. јагоди
  • 2 фолии желатин

Подготовка

Бисквит
Во сад измешајте ги брашното, шеќерот во прав, ванилата, густинот и прстофат сол.
Додајте го омекнатиот путер и јајцето и замесете тесто.
Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 30минути.
По половина час извадете го тестото од фрижидер и меѓу 2 листа хартија за печење расукајте го во кора.
Калапот за кростата премачкајте го со путер и набрашнете го.
Ставете ја кората за бисквит во калапот и покријте го со хартија за печење.
Врз хартијата ставете зрна грав и ставете да се пече на 180 степени, 25 минути.

Испечениот бисквит оставете го да се олади.

Крема
Со жица изматете ги жолчките, шеќерот и ванилата.
Додајте го брашното и измешајте убаво да нема грутки.
Потоа постепено додавајте го стопленото млеко и мешајте.
Вака изматената смеса ставете ја во касерола на оган и мешајте додека кремата почне да се згустува.
Тогаш додадете го чоколадото и мешајте додека истото се растопи.
Оставете ја кремата да се олади, а потоа нанесете ја врз бисквитот.

Ставете ја кростатата во фрижидер 1 час, за да се стегне кремата.

Желе од јагоди
Фолиите желатин ставете ги во ладна вода да омекнат.
Јагодите изблендирајте ги и ставете ги во сад на оган да се загреат, но не и да зовријат.
Во загреаните стоплени јагоди додајте ги омекнатите и исцедени од вода фолии желатин.
Промешајте желатинот да се растопи.

Со желето прелејте ја кростатата и оставете во фрижидер да се стегне.