Испечати

Крем колач со јагоди (без печење)

Крем колач со јагоди (без печење)

Состојки

  • 3 пакувања пишкоти (3х21 парче) ~ 300 гр
  • малку млеко (за пишкотите)
  • Фил од јагоди
  • 500 гр јагоди
  • 6 лажици шеќер
  • 500 мл млеко
  • 5 лажици густин
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • За одозгора
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

Прво подгответе го филот.
Јагодите испасирајте ги и ставете ги со 3 лажици шеќер да провријат. Не им треба долго, мах 5 минути на јак оган да бидат.
Густинот растворете го малку млеко, а остатокот млеко со 3 лажици шеќер и ванилиниот шеќер ставете ги да зовријат. Сварете крем со густинот и покријте го со пластична фолија за да не фати коричка.
Оставете ги да се оладат и кремот и јагодите.

Изладената слатка павлака изматете ја, па додавајте постепено од кремот со густин, постојано мешајќи со миксер. На крај додадете ги и јагодите и убаво измешајте.

Пишкотите потопувајте ги млеко (набрзина, да не впијат премногу млеко) и наредете ги 7х3 во еден ред. Премачкајте со 1/2 од филот. Наредете уште еден ред пишкоти, па втората половина од филот.

Изматете ја и останатата слатка павлака и премачкајте го целиот колач.

Пријатен апетит!