Испечати

Пилешко џигерче на едноставен начин

Пилешко џигерче на едноставен начин

Состојки

  • 500 гр пилешки џигер
  • 3 суви пиперки
  • 100 мл вино бело
  • 3 парчиња млад кромид
  • 100 мл масло за пржење

Подготовка

Џигерчето зоврјите го и водата фрлете ја. Ставете пак вода само колку да го покрие. Додајте го виното и посолете. Нека се сварат и нека почнат да се пржат. Додадете им масло. Пиперките суви обарете ги и исецкајте ги. Додајте ги во џигерот. И кромидчето исто така сецкајте и ставајте во тавата. Зачинете и пржете. Кога ќе се испржи добро, земајте топол леб за макање. На зравје