Зачинет пилешки стек
Состојки
- 2 парчиња стек
- 1 морков
- 1/2 лажиче оригано
- 1/2 лажиче кари
- 200 гр сланина
- 200 гр кашкавал
- 200 гр печурки
- 100 гр шунка
Подготовка
Стекот се отвара и малку се чука.
Се премачкува со сенф па се попрскува со оригано и кари.
Се остава 10 мин да прими месото.
Во меѓувреме се сецкаат печурките, сланината и кашкавалот.
Јас ставив коцки шунка во полнежот.
Се реди ред кашкавал, ред шунка, печурки и рендан морков.
Се затвара убаво како плик со чепкалки да не се отвори во пржењето. Заборавив да пишам дека треба и на горниот дел да се премота парче сланина и да се пржи на тивок оган.
Служете со зелена салата. Оривче или пак со пржени компирчиња.
На здравје