Испечати

Remoulade сос

Remoulade сос

Состојки

  • 2 чаши Мајонез
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица кечап
  • 1 лажица мелена сол
  • 2 лажички мали лут сос
  • 1/4 лажиче црн бибер
  • 1/2 китче ситно сецкан целер
  • 1/4 чаша ситно сецкан свеж магдонос
  • 1/2 лимон
  • 2 чешниња лук

Подготовка

Пред рецептава да напоменам дека се мери со чаша од 200 мл.

Ова е еден прекрасен сос кој одамна го пробав, а сега го имам во фрижидерот во секое време.
За подобро сецкање целерот и магдоносот ставете ги во сецко.
Јас не ставив целер и магдонос колку што пишав затоа што децата не сакаа.
Вие ставете си по желба.
Сокот од лимонот исцедете го и додајте го во мајонезот.
Мешајте се да се спои
Додавајте од состојките се едно по едно.
Можете да мешате со рачна маталка.
Лукот испасирајте го и додадете го и него.
Значи можете да си менувате според вккусот.
Ако јадете сенф, ставете си повеќе па ќе добиете потемна боја.
Ако додадете повеќе магдонос ќе добиете па позачинет зеленкаст сос.
Играјте со состојките или спремете по рецептов.
Сосот користете го во пржени компирчиња, во разни салати, а можете и како намаз на лепче.
На здравје