Лиснати стапчиња
Состојки
- тесто
- 950гр. брашно+50-100гр.за формирање
- 450-500мл. млака вода
- 1 лажичка сол
- 100мл. масло
- за премачкување
- 1 лажичка зејтин
- 1/2 лажичка црвен пипер
- 1 јајце
- 200гр. рендан кашкавал
- за премачкување 250гр.(путер,с.маст или маргарин)
Подготовка
Неизоставен дел на сите наши семејни прослави овој пат е матурата на мојата ќерка Викторија преубав повод за подготовка на пециво кое ни е едно од омиленото.Подготовката може ви е малку по сложена но крајниот резултат е убаво крцкаво зачинето пециво а рецептот иде вака...
Подготовка.
Во пластичен сад го просејуваме брашното ја додаваме солта и маслото и замесуваме средно меко тесто кое треба убаво да се изработи т.е да се меси константно пет мин.додека не се добие убаво мазно тесто,оставете го да се одмори покриено петнаесет минути.
На набрашнета работна маса развлекуваме кора. Со путерот ја премачкуваме кората ја диплиме и го оставаме тестото 30 мин. во фрижидер. Целата постапка повторете ја три пати.
Тестото го развлекуваме во кора со дебелина околу еден прст, сечеме тенки ленти кои ги премачкуваме со изматеното јајце со црвен пипер и лажичката масло, рендаме кашкавал на најситната страна од рендето.Секоја лента ја виткаме во спирали и ги редиме во голем плех со големина на рерната.
Печеме на 200 степени околу триесет минути.
Забелешка.
Искористете го целото тесто сечете форми по ваша желба.Лиснатите стапчиња можат испечени да се замрзнат и да се извадат на ден на прославата.
Добар апетит!!!