Варени переци со пиво
Состојки
- за тесто
- 650 гр брашно
- 350 мл пиво
- 1 лажичка сув квасец
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2 големи лажици шеќер
- 5 големи лажици растопен путер
- 2 лажички сол
- за варење на переците
- 1, 5 л вода
- 50 гр сода бикарбона
- за премачкување
- 1 разматено јајце
- по желба сусам, крупна сол, афион, ленено семе....
Подготовка
Убавина од пециво испаднаа овие переци, со дискретна арома на пиво и вкус кој нема да ве остави рамнодушни. Еве ја постапката
Во подлабок сад ставете брашно, сол, шеќер, квасец, сода, ставете го и растопениот путер и со пивото претходно оставено на собна температура замесете средно меко тесто. Покријте го со крпа и оставете да нарасне еден час.
Нараснатото тесто благо размесете ги поделете го на 8 топчиња. Секое топче со рака зазвлечете го како стапче отприлика со должина од 50 см и формирајте ги переците. Повторувајте ја постапката и со останатите 7 делови од тестото.
Во тенџере на оган ставете 1,5 литар воода да зоврие. Додајте и 50 гр сода. Во зовриената вода варете ги переците еден по еден од прилика по околу 40 секунди. Варените переци редете ги во тава за печење. Премачкајте ги од горната страна со разматено јајце и посипете ги со сусам или семиња по желба.
Печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени 15-тина минути односно додека убаво не заруменат.
*Ако не ви се допаѓа аромата на пиво може слободно да ги направите и со кисела вода.
На здравје нека е.