Испечати

Брзи хамбургер лепчиња

Брзи хамбургер лепчиња

Состојки

  • 500гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 20гр. свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 50мл. путер
  • 250-300мл. млако млеко

Подготовка

Во подлабок сад просејте го брашното додајте го квасецот, прстофат шеќер, растопениот путер и сол.
Со млако млеко од состојките замесете меко тесто.
Покријте го и оставете убаво да стаса.

Од стасаното тесто формирајте топчиња и наредете ги на набрашнет плех или намрсен со масло и оставете ги да стасаат уште 20-тина минути.Премачкајте ги со масло пред печење.

За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете ги лепчињата во загреаната рерна и печете околу 30 минути додека не заруменат. Извадете и покријте ги со крпа додека се оладат.

Во недостаток на време квасецот не го стартував на добро познатиот начин со шеќер и малку брашно,вие можете да си ја истерате целата постапка,но поради убавото бело брашно тазе квасец немаше голема разлика,лепчињата си беа меки како душа.
Добар апетит!!!