Старинска бајадера
Состојки
- 700гр шеќер
- 200гр вода
- 1 маргарин
- 250гр бисквити мелени
- 100гр мелени лешници
- 250гр мелени ореви
- 100гр црно чоколадо за глазура
- 2 лажички какао( квалитетно)
Подготовка
Оваа бајадера ја подготвува мајка ми од кога памтам.
Сега јас и сестра ми ја подготвуваме по истиот рецепт со години наназад.
Рецептот е стар да не речам колку и јас, ееее колку сум јас стара вие погодете, ха, ха.
Прво маргаринот се дели на 3 еднакви дела.
Во касерола на оган се ставаат шеќерот и водата да провријаат 4-5 минути.
Се трга од оган и во шербетот се ставаат 2 половини на маргарин.
Се меша убаво да се изедначи смесата.
Се подизладува малку па се додаваат бисквитите, оревите, лешниците.
Убаво сето се промешува.
Смесата се дели на 2 еднакви дела.
Во едниот дел се става квалитетно какао.
Убаво се промешува.
Сега на даска за колачи се нанесува прво темниот дел убаво се израмнува, па врз него се нанесува светлиот дел.
Се подготвува чоколадната глазура.
Над пареа се растопува 1/3 маргарин со 100 гр квалитетно црно чоколадо.
Се прелива бајадерата.
Нека се стегни убаво 3-4 часа, па се сечи на штангли.