Испечати

Слатко уживање

Слатко уживање

Состојки

  • За смесата
  • 5 белки
  • 1 ванила
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 4 лажици нишесте
  • 1 лажичка лимонов сок или бел оцет
  • 2 пакетчиња шлаг пена
  • 200-300 гр. јагоди

Подготовка

Лесна подготовка
- Белките сматете ги во цврст снег, додавајте постепено ванилата и шеќерот во прав. На крај додадете го нишестето кое сте го измешале со малку шеќер во прав кој ке го одвоите од вкупната количина, оцетот - измешајте.
- На хартија за печење поставена во тавката црпете со лажица или ставајте од смесата во шприц и истиснувајте количина зависно која големина сакате. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 120 степени околу 90 мин.
- Спојувајте ги со фил кој исто така ќе го истиснувате со шприц, посипете со насецкани јагоди, поклопете со друго колаче врз него. Декорирајте по ваш избор.
- Го користев филот од Московските шнити, но намалена количински според бројот на жолчките.
Напомена
Ова е рецептот, а останатото е по ваш избор. Можете целата смеса да ја ставите на хартија за печење во големина на тавче бр.22, врз неа да ставите шлаг или слатка павлака, наредете овошјето- тоа беше мојата прва замисла, но додека сработив се предомислив и ги истиснував пу како пуслици, филувајте со крем фил, додадете исецканите јагоди, филувајте и спојувајте ги (како што сега е случајот кај мене).
- Не го напишав филот бидејки веќе го има.