Испечати

Крцкава баклава со кикирики

Крцкава баклава со кикирики

Состојки

  • 500гр. кори за баклава
  • 200мл. зејтин за премачкување на корити
  • фил
  • 300гр. мелени печени кикирики(несолени)
  • 200гр. мелени бисквити
  • 100гр. чоколада за готвење
  • 2 ванилин шеќер
  • шербет
  • 900гр. шеќер
  • 700мл. вода

Подготовка

Мојот фаворит во многуте рецепти на баклави.
Подготовка.
Секој ролат го подготвуваме со две кори кои ги премачкуваме со масло и наросуваме на двете кори од филот кој предходно сме го измешале,кикириките смелени заедно со бисквитите,ренданата чоколада и ванилиниот шеќер.
Ролатите ги редиме во подмачкано тавче и со остатокот од масло сите ги премачкуваме пред да ги ставиме во загреана рерна да се пече на 180 степени половина час.
Пред да почнете со подготвување на баклавата подгответе си го шербетот за да ви биде изладен додека се пече баклавате. Кога баклавате е печена веднаш додека е топла полите ја со шербет и вратете го тавчето во рерната за да го впие шербетот.
Изладена послужете ја нека ви е наздравје!!!