Испечати

Страчатела торта со јагоди

Страчатела торта со јагоди

Состојки

  • за тесто
  • 2 јајца
  • 1 лажица врела вода
  • 75 гр. (4 лажици) шеќер
  • 1 ванила
  • 40 гр. (2 лажици) брашно
  • 20 гр. (1 лажица) густин
  • 1/2 лажичка пециво
  • 2 лажици мелени лешници
  • 1 лажица масло
  • 4 лажици џем од јагоди (за премачкување на тестото)
  • 100-150 гр. свежи јагоди
  • за филот
  • 300 мл. слатка павлака
  • 100 мл. јогурт
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 1 кесичка желатин
  • 100 гр. млечно чоколадо (крупно изрендано)
  • 5-6 јагоди (ситно исечкани)
  • јагоди по потреба за декорација

Подготовка

И оваа торта со комбиниран чоколадно јагоден и кремаст вкус, не е многу комплицирана за подготовка, а мирисна е и лесна за јадење.

1. Јајцата се матат со прстофат сол и 1 лажица врела вода. Се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер, па останатите состојки. Тестото се става во намастен и набрашнет калап на кој му се вади страницата (јас користев со пречник од 23 см.) и се печи на 180 степени околу 20 минути.

2. Изладеното тесто се вади од калапот, се става на чинија и се премачкува со џем од јагоди. Јагодите се сечкаат на тенки парчиња и се распоредуваат врз џемот.

3. ~ Фил ~
Белото чоколадо се топи на пареа. Желатинот се раствора со вода по упатството да набабри, а после се загрева. Слатката павлака се мати и кога е добро (но не премногу цврсто) изматена, се додава растопеното бело чоколадо, јогуртот и загреаниот желатин. Ова треба да се работи брзо. Се меша со миксер добро да се соединат состојките, се додава изренданото црно млечно чоколадо, и тоа се меша, и со добиениот страчатела фил се премачкува тортата на која и е ставен прстенот од калапот.

4. Тортата се лади во фрижидер најмалку 1 час да се стегне филот, се декорира со јагоди или по желба.

Тестото е соодветно на филот, сочно од џемот од јагоди и впиениот сок од свежите јагоди.