Солени палачинки
Состојки
- 10-12 палачинки
- 250 гр паризер, шунка или слично
- 200 гр кашкавал
- 200 гр маринирани шампињони или печурки по желба
- кечап и оригано
Подготовка
Во мојот град, во рестораните на мени има солена и блага палачинка. Еве ја сега солената и од мојата кујна. Не е некоја голема филозофија за да се припреми, а е мноогу вкусна и одлична закуска.
Јас користев готови, купечки палачинки. Но, со домашно спремени и по свој вкус секако дека се уште поубави.
Бидејќи купечките се потенки, за една солена палачинка виткав по 2. А ако си напрајте домашни со прилагодлива дебелина, тогаш виткајте во една.
Најпрво палачинката се попрскува со кечап. Се става по должина од паризерот и кашкавалот, предходно изрендани и потоа од сецканите печурки. Одозгора се поросува со оригано и се витка во ролна. Ако користите како мене потенки, тогаш зароланата палачинка свиткајте ја во уште една. Не мора да подвиткувата по краевите на внатре, иако слободно можи да си ги обогатите со фил. Мерките, секако се отприлика, приближно. Можи да ставите повеќе или помалку.
Завитканите палачинки наредете ги во плех обложен со пек хартија. Одозгора попрскајте ги со кечап и во средината ставете по малку рендан кашкавал. Ставете ги во претходно загреана рерна на 250С и печете ги отприлика 5 минути, односно додека се растопи кашкавалот.
Оваа постапка на топење кашкавалот уште подобро можи да се изведи во микробранова.