Старинска каша со ќофте
Состојки
- за ќофте
- 600гр мешано мелено месо
- 1 главица сецкан кромид
- 1 јајце
- 1 парче двопек натопено и исцедено од водата
- оригано, сол, бибер, зачин
- за каша
- 2-3лажици масло
- 2-3 лажици брашно
- 2 поголеми црвени домати
- вода, сол, бибер, лукче, магдонос по вкус
Подготовка
Многу вкусен ручек, кој го правеа и нашите баби.
Прво се замесуваат сите состојки за ќофте и најубаво е да одстои во фрижидер месото 2-3 часа, да се спојат вкусовите.
Потоа се пржи на вообичаен начин, на загреано масло.
Сега во една касерола се става маслото и се додава брашното.
Се запржува 1-2 минути.
Потоа се додаваат излупените и изрендани црвени домати.
Нека пржи уште една минута.
Сега се налива околу 500 мл ладна вода (или по желба, повеќе или помалку, се по ваш вкус за густина на кашичката) се меша со жица за матење, за да нема грутчиња.
Се зачинува по вкус и се вари на тивко околу 5 минути.
Во готовата каша се додаваат испржените ќофтиња.
Уште топло домашно лепче и готово.