Испечати

Шпански омлет

Шпански омлет

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 среден компир
  • 80гр бело сирење
  • 80гр пушена пилешка шунка
  • 1 луто пиперче по вкус
  • 1лажица маслиново масло
  • сол, бибер, зачин по вкус

Подготовка

Еве предлог за лесна летна вечера, а можеби и ручек.

Прво во тавче се става маслиновото масло.
Се додава ренданиот жив компир.
Нека се пржи 2-3 минути од едната страна, да зарумени, а потоа со ова тавче на делимано оди превртувањето лесно( како палачинка) нека се пржи и од другата страна 2-3 минути.
Сега се додава пилешкото, круговите лути пиперчиња и се наросува ренданото сирење.
Нека се пржи уште 1 минутка.
Сега се ставаат изматените и зачинети јајца по вкус.
Се пржи уште 2-3 минути, односно онолку колку што сакате да ви остане сочен омлетот.
Се сервира и се дегустира.