Зелено фрапе (со вкус како овошен јогурт)
Состојки
- 1/2 авокадо
- 1 банана
- 1 киви
- 1/2 сок од лимон
- 50 мл јаворов сируп
- 400 мл млеко
Подготовка
Нутри булетот е луда машина! За минутка имате задоволство за појадок. А ова задоволство ќе е штета ако некој не го проба. Нема ни јогурт во составот, а на вкус неодоливо потсетува како да пиете течен овошен јогурт. Лично моја комбинација и многу горда на резултатот. Драги Мои Рецепти, овој рецепт е посветен на Вас, бидејќи уште долго време ќе размислував за ваква машинка ако не бевте вие, како и за мотивацијата во просторијата наречена кујна.
Ставете се во Нутри Булетот и измиксирајте. Претурете во чаши и уживајте.
Почнете најпрво со 300-350мл млеко, па додајте спрема посакуваната густина. Доколку сакате уште поблаго, додадете уште јаворов сируп. Секако, доколку немате таков и медот ќе заврши работа. Доколку немате Булет, и Сецкото ќе заврши работа, ама Булет си е Булет да се разбериме, измислен баш за вакви работи.