Мафини со јагоди и чоколада
Состојки
- 3 мали јајца
- 140 гр шеќер
- 1 ванилен шеќер или екстракт од ванила
- 150 гр путер омекнат на собна температура
- 150 мл млеко
- 200 гр сецкани јагоди
- 100 гр чоколадни капки
- 320 гр брашно
- 1(10 гр) прашак за пециво
- 1/4 лажиче сода бикарбона
Подготовка
Путерот, шеќерот и ванилата изматете ги во кремаста смеса. Додавајте ги јајцата едно по едно и постојано матете ги да се соединат во смесата. Додајте го млекото и со најмала брзина на кратко изматете го.
Брашното, пецивото, содата и чоколадните капки измешајте ги и додајте ги во смесата и мешајте со шпатула или лажица. Додајте ги и јагодите и повторно измешајте.
Во калапот за мафини ставете хартиени корпички и наполнете ги со смесата до горе. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 170 -180 степени околу 30 мин, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги уште 5-6 минути.
Извадете ги, оставете ги целосно да изладат и послужете ги.
Од оваа смеса ми испаднаа 15 мафини.