Полулиснати солени ролати
Состојки
- За тесто
- 500 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 5 гр сув квасец (пола кесичка)
- 250-300 мл млако млеко
- За фил
- 300 гр сирење
- 1 јајце (не е задолжително)
- За премачкување
- 150 гр путер или палмово масло во полуцврста форма
- 1 јајце
- сусам, ким по желба и вкус
Подготовка
1. Се замесува тесто со млака вода и се остава да стаса. Откако ќе стаса го размесуваме и расукуваме во голема кора.
2. Ја премачкуваме кората со четка, со половина од путерот, стопен на тивок оган. Ја виткаме во ролат, па ролатот во форма на бројката 8 и потоа едното кругче од „бројката“ го ставаме врз другото. Оставаме во фрижидер 15-20 минути.
3. Повторно расукуваме кора, ја премачкуваме со путер и повторно истата постапка.
4. Откако повторно стоело во фрижидер, расукуваме кора која ја попрскуваме со 2-3 лажици масло, ставаме од филот и ја виткаме во ролат.
5. Сечеме парчиња со големина по желба, ги ставаме во намрсено тавче или на хартија за печење.
6. Ги премачкуваме ролатите со разматено јајце и ги посипуваме со сусам и ким.
7. Печеме на 230 степени во загреана рерна додека да поруменат.
Забелешка
Кога немам путер, а тоа се гледа и од сликите, користам палмово масло. Тоа сега беше во полуцврста состојба и лесно за размачкување.
За филот само изрендајте го или издробете го сирењето, па во него искршете јајце и измешајте. Можете да користите и урда.