Испечати

Печени пиперки со млад лук и магдонос

Печени пиперки со млад лук и магдонос

Состојки

  • 4-5 црвени пиперки (капија)
  • 1 киска магдонос (млад)
  • 1 главица млад лук
  • маслиново масло, хималајска или обична сол

Подготовка

Еве ја и последната залиха на пиперки од замрзнувачот. Многу едноставно јадење, кое може да биде посен оброк или пак додаток на ручекот. Едвај дочекав младиот лук да почне да заврзува чешниња, бидејќи го обожавам таков, а во комбинација со магдоносот е вистинско здраво нешто.

Нема посебен рецепт, едноставно одвечер замрзнатите пиперки капија (печени, лупени од есеноска), ги оставив да се одмрзнат во цедалка.
Младиот магдонос и лукчето ги исечкав, зачинив со сол и со маслиново масло.
По желба се става и оцет (јас лично не го сакам овде).