Испечати

Брза пица

Брза пица

Состојки

  • 2 полни лажици кисела павлака
  • 2 шољи брашно
  • 1/2 шоља масло
  • 1 лажичка пециво
  • 2 јајца
  • по околу 30 гр сирење, салама, чајна, кашкавал
  • оригано, сусам

Подготовка

Ова е стар рецепт, за приправена брза пица со продукти кои ви се наоѓаат во фрижидер. Кај мене се е од око ставено, а мерките за мастрафот се произволно наведени. Излегува вкусна и секој пат може да ви биде со различен вкус, се разбира зависи од комбинациите што ќе си ги наставате, а основата за тесто може да ви остане таа.

Пецивото го мешаме со брашното, па додаваме кисела павлака и масло. Сите состојки убаво ги промешуваме и смесата ја расплескуваме во намрсено тавче. Ставаме сечкана салама и чајна, па рендано сирење. Со разматените јајца ја прекриваме цела пица, па рендаме кашкавал врз неа. Наросуваме со сусам и оригано.

Одличен рецепт за млади домаќинки.

Забелешка
Шољата е од 150 мл. Тавчето е бр 26. Тестото е меко, може и со лажица да го распоредите. Јас овој пат ставив 2 лажички пециво, ама на оваа доза мислам дека е премногу, па ја намалив во состојки.