Испечати

Солена торта

Солена торта

Состојки

  • За кора
  • 8 јајца
  • прстофат сол
  • 8 лажици врела вода
  • 4 лажици масло
  • 1 пециво (10гр)
  • 12 лажици брашно
  • малку мешан сув зеленчук
  • малку црна пипер
  • 300гр. зеље-спанаќ или блитва
  • За фил
  • 200гр. крем сирење
  • 250гр. Фета сирење
  • 200гр. кисела павлака
  • малку црна пипер
  • 250гр. шункова салама
  • Уште ќе ни треба
  • по потреба кисела павлака
  • по потреба крем сирење
  • малку рендан кашкавал
  • малку сецкани кикирики

Подготовка

Започнуваме со подготовка на кората.
Ги матиме јајцата со малку сол, ја додаваме водата, маслото, просеаното брашно помешано со пецивото, малку мешан сув зеленчук и мелен црн пипер. На крај, мешајќи со лажица го додаваме зељето кое е претходно обварено, исцедено и подсушено на тава без масло.
Излеваме во плех со димензии 32 на 39 цм, кој претходно е обложен со хартија за печење која малку сме ја намрсиле.
Печеме на 180 степени околу 20 мин. во претходно загреана рерна 5 мин. на 200 степени.
Изладената кора ја сечиме на три ленти.

Филот го подготвуваме на тој начин што двата вида на сирење ги соединуваме со матење со миксер, па мешајќи со лажица ја додаваме киселата павлака.Побиберуваме.На убаво изедначената смеса ја додаваме сецканата шунка.Филот е готов.

Ги филоваме лентите, при што од филот нанесуваме на првата и втората лента,а на третата лента и целосно солената торта ја премачкуваме со кисела павлака помешана со крем сирење.(Тоа од око го правам.)
Вие декорирајте по желба, а јас го направив овој пат со рендан кашкавал и сецкани кикири.
Уживајте во ова превкусно мезе!