Испечати

Тарталети со јагоди

Тарталети со јагоди

Состојки

  • За тесто
  • 250 гр брашно
  • 125 гр ладен путер
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • За фил
  • 110 мл млеко
  • 35 гр гриз
  • 100 гр рикота сирење или несолена урда
  • 50 гр шеќер
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 помало јајце
  • 2-3 лажици лимонов сок
  • на врв на лажичка цимет или по вкус
  • малку рендана кора од лимон
  • 75 гр сечкано чоколадо со лешници
  • За преливот од јагоди
  • 250 гр јагоди
  • 50-60 гр шеќер
  • 1 лажица сок од лимон
  • 5 гр желатин
  • неколку непечени фстаци за украсување

Подготовка

Првичната замисла за овој рецепт ми беше да биде тарт, меѓутоа потоа си реков ајде нека биде секое парче посебно, па некако го обмислив и излегоа овие вкусни тарталети.

1. Замесете го тестото од сите наведени состојки и оставете го завиткано во најлонска фолија околу 1 час во фрижидер.
2. Јагодите ставете ги заедно со шеќерот и вријте ги до одредена густина, налик како кога правиме џем. Оставете ги да се подизладат.
3. Желатинот растворете го во малку вода, па загрејте го на пареа или тивок оган и кога малку ќе подолади преливот од јагоди измешајте го во него. Оставете да се излади.
4. Млекото загрејте го со шеќерот, додадете го гризот и се заедно сварете. Кога ќе се поизлади гризот со миксер измешајте ги јајцето и претходно убаво изматената урда(ако користите урда).Додадете го лимоновиот сок, малку ситно нарендана кора од лимон и цимет по вкус. Кога смесата сосема ќе се излади додадете го сечканото чоколадо.
5. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрева.
6. Расукајте го тестото и во зависност од големината на тарт модлите или пак на модлите за мафини (какви што јас употребив) сечете кругови и распоредувајте ги да имаат вдлабнатина во средина, а тестото убаво ама нежно налепете го на ѕидовите од страните на секоја модла.
7. Во секое ставете од филот со гриз, па од филот со јагоди.
8. Печете околу 20 минути.
Откако ќе се испечат декорирајте ги по желба, јас искористив сечкани непечени фстаци. Можете да ги почекате да се изладат затоа што се многу вкусни така.

Забелешка
Тестото може да го замесите на рака или во мултипрактик. Јас пробав со миксер, па продолжив со рака. При расукување некаде околу 5 мм ми беше тенко тестото, за да почнам да сечам кругови. Од ова тесто ми излегоа точно 12 тарталети.
Во преливот од јагоди ставив многу малку шеќер, односно толку колку што ми е пишано, доколку сакате да ви биде поблаг ставете повеќе.
Со оваа искористена вкупна доза на шеќер во овој рецепт, блажината на секое колаче е таман, ниту преблаго ниту пак неблаго, таква реакција имаше и од домашните, дека се таман благи и вкусни за јадење.
Ако ви е редок филот со гриз откако ќе се излади, додадете малку урда, а тоа зависи од големината на јајцето што ќе го ставите.